ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА УШТЕ 30 ДЕНА ЗА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА

    ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА УШТЕ 30 ДЕНА ЗА САВЕСКИ И КУНОВСКИ ОД ЛЕВИЦА

    Кривичниот суд им го продолжил куќниот притвор за нови 30 дена на членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, објави специјализираниот правнички веб портал Академик.

    Тие повеќе од еден месец, под обвинение дека учествувале во толпа што ќе изврши кривично дело, се наоѓаат во куќен притвор и го чекаат почетокот на нивното судење.

    Судењето беше одложувано три пати поради некомплетна документација – недоставено вештачење за висината на штетата предизвикана од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија.

    Судењето на Савески и Куновски треба да почне на 31 мај.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира