ОТКАКО ФРЛИ БОМБА КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ЗАСТРЕЛАН КРИМИНАЛЕЦ БАРАН ПО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

    ОТКАКО ФРЛИ БОМБА КОН ПОЛИЦАЈЦИТЕ, ЗАСТРЕЛАН КРИМИНАЛЕЦ БАРАН ПО МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦАНа местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител, увидна екипа од тетовската полиција, лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи. (архивска фотографија)

    Полицијата го застрела при обид за апсење Ј.Р. од тетовското село Ларце, баран по меѓународна и централна потерница за издржување казна затвор во траење од 26 години и десет месеци.

    „Денеска во  раните утрински часови, во куќата на Ј.Р. во селото Ларце, при преземање на мерки за негово лишување од слобода, тој фрлил рачна бомба кон полициските службеници, а потоа се дал во бегство, облечен во панцирен елек, вооружен со автоматска пушка со три рамки со куршуми за автоматска пушка, со карабин, пиштол и четири рачни бомби. При повторниот обид за негово лишување од слобода на околу 200 метри од неговата куќа, лицето повторно отворило оган кон полициските службеници  пукало, притоа повторно обидувајќи се  да фрли и рачна бомба кон нив, по што е возвратено и лицето е лишено од живот“, стои во соопштението на Mинистерството за внатрешни работи.

    Од 2000 до 2016 година,  против Ј.Р.  до тетовското Основното јавно обвинителство и основното јанво обвинителство-Скопје  биле поднесени шест кривични пријави за сторени 16 тешки форми на кривични дела: „убиство“, „убиство во обид“, „грабнување“, „противправно лишување од слобода“, „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“, како и кривични дела – „тешка кражба“, „разбојничка кражба“, „одземање на моторно возило“, „тешка телесна повреда“ и „учество во тепачка“.

    На местото на настанот во тек е увид од Јавен обвинител,  увидна екипа од тетовската полиција,  лекар по судска медицина и стручни служби од Министерството за внатрешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира