МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ДАДЕ НОВ РОК ОД 3 ГОДИНИ ЗА ОТКУП НА ДВОРОВИТЕ И ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ДАДЕ НОВ РОК ОД 3 ГОДИНИ ЗА ОТКУП НА ДВОРОВИТЕ И ЗЕМЈИШТЕТО ПОД ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ„Освен продолжување на рокот се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдување на кирија за оние кои нема да го приватизираат земјиштето“, велат од Министерство за финансии (Фото: СДК.МК)

    Граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за откуп на дворови и земјиштето под градени објекти, кое е во државна сопственост. Новиот рок за поднесување на овие барања, како што велат од Министерството за финансии е до 31 декември 2021 година.

    „Подготвивме измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. Со измените се даваат дополнителни три години рок. Претходно рокот за поднесување на овие барања истече на 15 декември 2014 година‘, велат од Министерството за финансии.

    „Надлежните во Финансии велат дека добиле многу реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за да поднесат барање за откуп на земјиштето. Станува збор за граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава, а не успеале да поднесат барање во рокот. Освен продолжување на рокот се пролонгираат и примените на одредбите за закуп, односно се одложува утврдување на кирија за оние кои нема да го приватизираат земјиштето“, велат од Министерство за финансии.

    Со законските измени се продолжува и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост до 31 декември 2022 година.

    „Се продолжува и рокот за барање за промена на барателот на приватизација на градежно земјиште. На пример, ако едно лице купи објект кое се наоѓа на земјиште кое е во постапка на приватизација, со измените на законот наместо 30 ќе му стојат на располагање 60 дена за поднесување на барање за промена на барател за приватизација. Досегашната примена на законот покажала дека рокот од 30 дена е прекраток, и со оваа измена се излегува во пресрет на граѓаните“, велат од Министерството за финансии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира