НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДИ ПАРКИНГ ЗА ЗГРАДАТА НА „НАСТЕЛ“ ВО ТАФТАЛИЏЕ, ОДГОВОРИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШ

    НЕ Е ТОЧНО ДЕКА ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДИ ПАРКИНГ ЗА ЗГРАДАТА НА „НАСТЕЛ“ ВО ТАФТАЛИЏЕ, ОДГОВОРИЈА ОД ОПШТИНА КАРПОШОд Општината велат дека тие немаат имаат обврска да градат паркинг простор туку само комунална инфраструктура и дека инвеститорот ја вселил зградата иако уште нема технички прием.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Не е точно дека Општина Карпош има обврска да обезбеди паркинг места за зградата на „Настел“ во Тафталиџе, велат од Општина Карпош.

    Вчера од фирмата инвеститор за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека станарите немаат кај да паркираат и пајак службата им ги крева возилата оти Општина Карпош не направила паркинг простор за 500 возила и пристапни улици иако тие платиле комуналии од 3 милиони евра.

    Денеска од Општината велат дека тие немаат обврска да градат паркинг простор туку само комунална инфраструктура.

    „Инвеститорот има склучено договори со Општина Карпош за регулирање на надомест за уредување на градежно земјиште со кои е определена висината на надоместокот за расчистување, проектирање и изградба на објекти од комунална инфраструктура за индивидуална потрошувачка и за секундарни водови и објекти за инфраструктура за Општина Карпош, водоводна мрежа и фекална канализациска мрежа. Уплатените средства за комуналии се однесуваат исклучиво за овие намени“, велат од кабинетот на градоначалникот Стефан Богоев.

    Од таму додаваат дека инвеститорот ја вселил зградата иако таа уште нема технички прием.

    „Инвеститорот на објектот намена домување во станбени згради со деловен простор, дозволил без изготвен извештај за извршен технички преглед од страна на надзорниот инженер да одреден број на лица се вселат во станбената зграда, што е спротивно на член 89 точка 5 од Законот за градење“, додаваат од Општина Карпош.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира