СЕ САМОУБИ МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА КЕЈТ СПЕЈД

    СЕ САМОУБИ МОДНАТА ДИЗАЈНЕРКА КЕЈТ СПЕЈД55-годишната Кејт Спејд создаде линија елегантни чанти во раните 1990-ти, што беа хит (Фото: АП)

    Њујоршката модна дизајнерка Кејт Спејд е пронајдена мртва во нејзиниот стан во очигледно самоубиство, вели полицијата. Спејд била пронајдена обесена, од домарот во нејзиниот стан на Парк авенија во Њујорк денеска изутрина. Според полицијата, оставила белешка на местото на самоубиството. Не е соопштено шо пишува во белешката.

    55-годишната Спејд создаде линија елегантни чанти во раните 1990-ти, што беа хит. Нејзината компанија, „Кејт Спејд Њујорк“, има над 140 продавници за малопродажба и аутлети во САД и повеќе од 175 продавници на меѓународно ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира