ЖЕНИ ДОМИНИРААТ ВО НОВАТА „ФЕМИНИСТИЧКА ВЛАДА“ НА ШПАНИЈА

    ЖЕНИ ДОМИНИРААТ ВО НОВАТА „ФЕМИНИСТИЧКА ВЛАДА“ НА ШПАНИЈАКармен Калво ќе биде вицепремиерка и министерка за еднаквост (Фото: Гети)

    Првиот Шпанец во вселената Педро Дуке беше именуван за министер за наука во новата социјалистичка влада на Шпанија, која од медиумите беше наречена „феминистички кабинет“.

    Новиот премиер и самонаречен феминист Педро Санчес планира да состави влада во којашто мнозинство ќе бидат жени, наспроти досегашниот доминантно машки тим на разрешениот Маријано Рахој.

    Жените добија некои од клучните позиции во новата влада, вклучувајќи одбрана, правда, економија, финансии и образование. Заменичката на Санчес, Кармен Калво, ќе биде и министерка за еднаквост.

    Меѓу повпечатливите машки министри е 55-годишниот поранешен астронаут Дуке, кој за последен пат беше во вселената во 2003 година како дел од Меѓународната вселенска станица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира