ПРОТЕСТИ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА ПРОТИВ ДОГОВОР ЗА ИМЕТО

    ПРОТЕСТИ ВО СЕВЕРНА ГРЦИЈА ПРОТИВ ДОГОВОР ЗА ИМЕТОВо Пела, родното место на Александар Македонски се собраа околу 2.000 демонстранти. (Фото: Грик рипортер)

    Илјадници Грци протестираа вечерва во десетици градови низ земјата против обидите за решавање на 27-годишниот спор за името со Македонија.

    Околу 2.000 луѓе се собраа во Пела, родното место на Александар Македонски, но организаторите се надеваа на најмалку двојно повеќе.

    Протестот, организиран од комитет поддржан од грчката дијаспора, свештеници и дел од градоначалниците, се одржа претежно во градови во северна Грција.
    Помали собири имаше во централна Грција и на островите Крит, Родос, Крф и Кос.

    Претходно, македонското министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните на Република Македонија да бидат претпазливи во врска со протестите поради опасност од ескалација.

    Според последната изјава на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, договорот за името е прашање на денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира