СТРУЧНА СОРАБОТНИЧКА ОД ГЕВГЕЛИСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ПАРИ ДАВАЛА ДОКАЗИ НА АДВОКАТ

    СТРУЧНА СОРАБОТНИЧКА ОД ГЕВГЕЛИСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЗА ПАРИ ДАВАЛА ДОКАЗИ НА АДВОКАТОсомничената обвинителка најчесто издавала докази од МВР и од обвинителството; - ОЈО Гевгелија (Фото: СДК.МК)

    Е. С. (34) помлад стручен соработник од Основното јавно обвинителство – Гевгелија, скоро цела година му давала тајни документи на адвокат што му биле потребни за негови предмети каде се јавувал како бранител. Таа од струмичката полицијата доби кривична пријава за оддавање службена тајна.

    Според МВР, стручната соработничка по казнено право давала службени белешки, документи, записи, спогодби изработени како од МВР така и од обвинителството и од судот во Гевгелија, за одредени случи во кои адвокатот А. С. бил директно или индиректно ангажиран од странки пред судот и обвинителството.

    Од средината на минатата година до 23 мај годинава, вработената во ОЈО Гевгелија како помлад јавнообвинителски соработник, во повеќе наврати на адвокатот А.С. му давала податоци што преставуваат службена тајна“, рече Тони Божиков од СВР Струмица.

    Полицијата не открива за кои дела јавнообвинителскиот соработник давала документи и белешки на адвокатот. Полицијата тврди дека со сторените дејствија за себе и за друг осомничената прибавила противправна имотна корист и му нанела штета на угледот во обвинителството.

    В. ТРАЈКОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира