НАРЕДНИТЕ ЧАСОВИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ИСХОДОТ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИ

    НАРЕДНИТЕ ЧАСОВИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ИСХОДОТ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА, КАЖА ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ОСМАНИВицепремиерот Бујар Османи денеска пред претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и експерти ги презентираше содржината, имплементацијата и значењето на новиот реформски Владата, насловен План 18. (Фото: Влада на РМ)

    Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека наредните часови ќе бидат клучни за исходот од преговорите помеѓу Македонија и Грција за името, но смета дека е прерано да се каже кој ќе биде исходот. Според Османи, кој денеска го претставуваше Планот 18 на Владата, од двете страни има волја за затворање на ова прашање и дека од страна на двете влади има активен ангажман.

    „Сметам дека ова се последните метри на еден 25-годишен маратон, а обично последните метри се најкритични. Мое чувство е дека повеќе разликите се во интерпретација на напишаното отколку во генералните принципи. Сите меѓународни пријатели не охрабруваат, ни помагаат и се обидуваат да го олеснат спорот. Ова е идеална прилика да се затвори прашањето, со што ќе ни се отвори процесот за НАТО и ЕУ. Барам разбирање да бидеме внимателни, во критичните последни чекори многу е лесно да се изместите заради преоптовареност на преговорите и емоциите. Така што треба да бидеме внимателни и да видиме каков ќе биде исходот во наредните часови и денови“, рече Османи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира