АВСТРИЈА ПЛАНИРА ДА ЗАТВОРИ СЕДУМ ЏАМИИ И ДА ИЗБРКА ДЕСЕТИЦИ ИМАМИ

    АВСТРИЈА ПЛАНИРА ДА ЗАТВОРИ СЕДУМ ЏАМИИ И ДА ИЗБРКА ДЕСЕТИЦИ ИМАМИКанцеларот Себастијан Курц и неговиот заменик Штрахе велат дека оваа одлука е само почеток (Фото: Ројтерс)

    Десничарската влада на Австрија планира да затвори седум џамии и да протера десетици имами во она што го нарече почеток на борбата против радикалниот ислам и странското финансирање на радикалните групи, што од Турција беше опишано како расистички потег.

    Коалицијата на конзервативци и на крајна десница дојде на власт во Австрија по ветувањата дека ќе спречи нов наплив на мигранти и ќе им ги намали бенефициите.

    Најновата одлука го следи таканаречениот закон за ислам, усвоен во 2015 година, кој забранува странско финансирање на религиозни групи и им наметнува на локалните муслимански организации да имаат позитивен основен став кон австриските држава и општество.

    „За паралелните здруженија на политичкиот ислам и за радикалните тенденции нема место во нашата држава“, изјави канцеларот Себастијан Курц, во чие време како министер за интеграција и беше донесен законот.

    Неговиот заменик Хајнц-Кристијан Штрахе додека дека „ова е само почеток“.

    Во Австрија има 600.000 муслиманско население, повеќето од нив со турско потекло.

    Од владата велат дека од државата би можеле да бидат протерани околу 60 имами кои ѝ припаѓаат на Турско-исламската унија за културна и општествена соработка, која се поврзува со владата на Реџеп Таип Ердоган.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира