Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун пристигнаа во Сингапур за нивниот историски самит. Трамп долета со „Ер Форс Уан“, неколку часа откако Ким слета со неговите соработници.
Нивната средба, прва меѓу лидер на Северна Кореја и актуелен претседател на САД, треба да се случи во вторник на островот Сентоса.
Трамп ја нарече средбата „единствена шанса“ за мир и рече дека двајцата се наоѓаат на „непозната територија“.
САД се надеваат дека самитот ќе биде почетокот на процес кој што на крајот ќе доведе до откажување на нуклеарната програма на Северна Кореја.
Двајцата лидери имаа нестабилен однос изминативе 18 месеци, разменувајќи си навреди и закани пред да се договорат да се сретнат тет-а-тет.