Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој денеска во Москва имаше средба со грчкиот колега Никос Коѕијас, рече дека Русија ќе го поддржи договорот за името меѓу Македонија и Грција ако тој добие поддршка од граѓаните на двете земји.
„Секогаш нагласувавме дека се залагаме за пронаоѓање договор за тој проблем, без мешање однадвор, без наметнување вештачки услови. Говоревме дека ќе го поддржиме решението кое ќе биде во интерес на Грција и на Македонија и кое ќе се потпира на широка општествена поддршка. Се надевам дека договорот кој вчера беше објавен е токму таков“, изјави Лавров, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Коѕијас.
Премиерот Зоран Заев вчера потврди дека наесен ќе има референдум и граѓаните ќе го имаат последниот збор. За во Грција не е најавен референдум.