ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ НА ПРАТЕНИКОТ НА СДСМ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ

    ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ НА ПРАТЕНИКОТ НА СДСМ ХАРИ ЛОКВЕНЕЦПратеникот од Прилеп Хари Локвенец се фотографира со премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас по потпишувањето на договорот во Преспа. (Фото: Фејсбук/Зоран Заев)

    Пратеникот на СДСМ од Прилеп Хари Локвенец синоќа пријавил во полиција дека му бил запален автомобил „Мини купер“. Локвенец вчера беше во Преспа на потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

    „На 17.06.2018 година во 23.05 часот во СВР-Битола, Х.Л. (48) од Прилеп пријавил дека околу 23.00 часот непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира