ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАЈДЕНИ ДВА ТЕЛЕФОНА ВО КЕЛИЈАТА НА НИНЏА, ПРИТВОРЕН ЗА 27 АПРИЛ

    ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАЈДЕНИ ДВА ТЕЛЕФОНА ВО КЕЛИЈАТА НА НИНЏА, ПРИТВОРЕН ЗА 27 АПРИЛАлександар Василевски – Нинџа, еден од обвинетите за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, сам се пријави во Основниот суд Скопје 1 на 11 јуни и оттаму беше префрлен во притвор во Шутка по пет месеци во бегство. (архивска фотографија)

    Обезбедувањето во истражниот затвор во Шутка, за недела дена откако се предаде Александар Василевски – Нинџа, еден од главните обвинети за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, двапати му нашло телефон во келијата.

    Двата телефона се донесени и предадени на Основниот суд Скопје 1, кој што е надлежен за притворените 22-ца обвинети во овој случај.

    Дознавме дека телефоните најдени кај Нинџа ќе се вештачат, бидејќи се претпоставува дека имал контакти со лица поврзани со организација на настаните на 27 април лани, а кои се надвор од обвинението. Ќе се истражува и како му се донесени во притвор мобилните телефони на притворениот.

    Според обвинението, Нинџа го примил повикот од Виена во 14.30 часот на 27 април лани за да се почне со мобилизација на членството за насилен упад во Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира