СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГИ СПАСИ ОХРИДСКИТЕ КОМАРЦИ ОД ЛОВЕЊЕ СО МАМКИ, ОДЛОЖЕНО И ПРСКАЊЕТО

    СТУДЕНОТО ВРЕМЕ ГИ СПАСИ ОХРИДСКИТЕ КОМАРЦИ ОД ЛОВЕЊЕ СО МАМКИ, ОДЛОЖЕНО И ПРСКАЊЕТОГодинава првпат требаше со посебни мамки да се ловат охридските комарци за да се види колку се тие опасни, односно дали се инвазивни или не. (Фото: СДК.МК)

    Студеното време ги избрка охридските комарци и ги спаси да не бидат ловени на посебни мамки за да се види колку се опасни. Поради неповолните временски прилики во охридскиот регион, прскањето против комарци беше одложено двапати, а денес од Центарот за јавно здравје најавија дека ќе се врши запрашување на почетокот на јули.

    „Поради неповолните временски услови, терестралната (од земја) дезинсекција против комарци, најавена за оваа седмица на територијата на општините Охрид, Дебрца, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, се одложува за наредната прва седмица во месец јули 2018. За точниот период на вршење на дезинсекцијата Центар за јавно здравје навремено ќе ја извести јавноста“, соопштија од Центарот за јавно здравје во Охрид.

    Годинава првпат требаше со посебни мамки да се ловат охридските комарци за да се види колку се тие опасни, односно дали се инвазивни или не.

    Најголеми легла на комарците има на охридското крајбрежје на потегот од село Подмолје до комплексот Свети Наум, територијата на градот Охрид, потегот на река Грашница, Коселска река, река Сатеска, локалитети со застојани водени површини – Белчишко блато и урбаните населби во општина Дебрца.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира