ЕУ ЈА ПРЕПОЗНА МАКЕДОНИЈА КАКО ДРЖАВА КОЈА ГИ РЕШАВА СПОРОВИТЕ СО СОСЕДИТЕ, КАЖА ЗАЕВ ПО ОДЛУКАТА ЗА ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИ

    ЕУ ЈА ПРЕПОЗНА МАКЕДОНИЈА КАКО ДРЖАВА КОЈА ГИ РЕШАВА СПОРОВИТЕ СО СОСЕДИТЕ, КАЖА ЗАЕВ ПО ОДЛУКАТА ЗА ДАТУМОТ ЗА ПРЕГОВОРИПремиерот Зоран Заев со вицепремиерите Бујар Османи и Кочо Анѓушев и министерот за надворешни работи Никола Димитров на враќање од денешната посета на Австрија. (Фотографија од Фејбук профилот на Бујар Османи)

    Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како држава која ги решава споровите со соседите и како земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук по денешната одлука на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија преговорите за членство на Македонија да започнат во јуни 2019 година.

    „Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина“, кажа Заев и додаде дека патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира