ГРУЈЕВСКИ ОФИЦИЈАЛНО Е ВО БЕГСТВО, МОЖЕ ДА МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

    ГРУЈЕВСКИ ОФИЦИЈАЛНО Е ВО БЕГСТВО, МОЖЕ ДА МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВОПоради постапката за есктрадиција на Грујевски, покрај кого се обвинети и Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, четири месеци судењето за „Трезор“ не почнуваше воопшто. - Горан Грујевски (лево) пред Основниот суд Скопје 1 (архивска фотографија)

    Поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е слободен граѓанин во Грција, а според известувањето на МВР е недостапен на органите на прогонот, па сега тој и официјално е во бегство, констатираше советот на организиран криминал во Кривичниот суд под водство на судија Џенета Бегтовиќ.

    Со тоа, рече таа, исполнети се условите предметот на СЈО „Трезор“ да почне и на Грујевски да му се суди во отсуство. Токму поради бегството на Грујевски, покрај кого се обвинети и Сашо Мијалков, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ, четири месеци ова судење „Трезор“ не почнуваше воопшто.

    Одбраната мислеше дека со одлуката на Врховниот суд на Грција за одбивање на екстрадицијата, која денеска му беше предадена на судот, ќе биде прекинато ова судење, но СЈО предочи дека тука не се аболирани обвинетите, туку сведоците. Судењето почнува со воведни зборови на обвинителството и на одбраната.

    Предметот на СЈО „Трезор“ е за незаконска набавка на софтвер за опремата за прислушување во УБК.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира