КРИВИЧЕН СУД: ВРХОВНИОТ СУД НЕ ЈА ИСПОЧИТУВА ОДЛУКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОЛЕМАТА САЛА ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    КРИВИЧЕН СУД: ВРХОВНИОТ СУД НЕ ЈА ИСПОЧИТУВА ОДЛУКАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ГОЛЕМАТА САЛА ЗА „ДИВО НАСЕЉЕ“

    Кривичниот суд денеска, по одложувањето на рочиштетот за случајот „Диво Насеље“, соопшти дека Врховниот суд не ја испочитувал одлуката на Владата и планот за користење на големата сала во овој суд за протребите на овој судски процес. Од Кривичниот суд велат дека, по одлуката на Владата, од нивна страна биле направени сите адаптации на големата сала за одвивање на судскиот просец и бил направен план за нејзино обезбедување за време на судењата, за што биле известени претседателите на Врховниот, Апелациониот и Основниот суд Скопје 2.

    „Но ништо од наведеното не беше испочитувано од страна на Врховниот суд“, соопшти Кривичниот суд.

    Судот вели дека по одложувањето на денешното рочиште, кое е презакажано за 6 јуни, адвокатите на обвинетите се сретнале со претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, кој им образложил дека од нивна страна биле преземени сите мерки за водење на денешната главната расправа.

    „Сите обвинети беа спроведени во судската сала, беа обезбедени и дополнителни места за присуство на семејствата на обвинетите, но и ние како суд бевме затекнати од известувањето на судската полиција на Врховниот суд дека не е дозволен влез во салата за бранителите на обвинетите, претставниците на медиумите, јавноста и членовите на семејствата“, рекол Панчевски на средбата со адвокатите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира