НЕКОЛКУ УБИЕНИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО РЕДАКЦИЈАТА НА ВЕСНИК ВО МЕРИЛЕНД

    НЕКОЛКУ УБИЕНИ И ПОВРЕДЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО РЕДАКЦИЈАТА НА ВЕСНИК ВО МЕРИЛЕНДПолицијата кажа дека едно лице за кое се верува дека е напаѓачот е приведено (Фото: АП)

    Неколку луѓе се застрелани во редакцијата на весникот „Капитал газете“ во Анаполис, Мериленд, изјави еден од вработените.

    Од локалната полиција потврдија за Си-Ен-Ен дека има неколку убиени и повредени, при што Си-Би-Ес објави дека има најмалку четворица загинати.

    Едно лице, за кое се верува дека е напаѓачот, е приведено. Тој наводно пукал низ стаклена врата, при што погодил повеќе вработени.

    „Напаѓачот пукаше низ стаклена врата од канцеларијата и застрела повеќе вработени во весникот. Не можам да кажам повеќе од ова, но изгледа доста лошо“, напиша новинарот Фил Дејвис на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира