ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО НОВИНАРСКА РЕДАКЦИЈА ВО МЕРИЛЕНД

    ПЕТМИНА УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕТО ВО НОВИНАРСКА РЕДАКЦИЈА ВО МЕРИЛЕНДПолицијата го фатила напаѓачот без тој да дава отпор (Фото: АП)

    Пет лица се убиени кога вооружен напаѓач почнал да пука во редакцијата на локален весник во Анаполис, Мериленд.

    Полицијата соопшти дека осомничениот е фатен и се наоѓа во притвор на испрашување, не откривајќи го неговиот идентитет.

    Тој одбивал да соработува со полицијата и претходно си ги оштетил врвовите на прстите, за да не може да биде идентификуван. Белец во свои 20-ти години ѝ се предал на полицијата без да дава отпор.

    „Знаеме како се вика осомничениот, но во моментов не можеме да го потврдиме тоа“, кажаа од полицијата.

    Тој со себе носел и лажни гранати и чадни бомби, а во нападот користел „долго оружје“.

    „Веруваме дека тоа што го пронајдовме се експлозивни направи и тие беа уништени“, изјави Вилијам Крамф, заменик-шефот на полицијата на округот Ен Арундел.

    Напаѓачот пукал низ стаклената врата на редакцијата, при што погодил повеќе вработени во весникот „Капитал газете“.

    Полицијата го третира нападот како локален инцидент, а не како тероризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира