СУЗАН САРАНДОН УАПСЕНА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ АНТИИМИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМП

    СУЗАН САРАНДОН УАПСЕНА НА ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ АНТИИМИГРАНТСКАТА ПОЛИТИКА НА ТРАМПСузан Сарандон го предводеше протестот на кој беше побарано затворање на мигрантските кампови (Фото: Ројтерс)

    Оскаровката Сузан Сарандон беше меѓу 575 жени кои беа уапсени во Вашингтон, откако во Министерството за правда организираа протест против политиката на нулта толеранција кон илегалните имигранти, што пред неколку месеци ја воведе администрацијата на Трамп.

    Актерката и другите жени побараа затворање на мигрантските кампови и порачаа дека „се грижат“, како ироничен одговор на пораката од контроверзната јакна на првата дама Меланија Трамп.

    „Што сакаме? Слободни семејства! Вака изгледа вистинска демократија!“ извикуваа тие, пред да бидат уапсени, а по некое време и ослободени.

    Учесниците во протестот носеа ќебиња од фолија, какви што им се даваа на децата-мигранти, кои беа одделени од своите семејства.

    Сарандон се здоби со доста противници во САД по победата на Трамп, откако во кампањата лобираше за третиот кандидат, Џил Стајн од Зелената партија, со што беше обвинета дека ѝ одзела многу гласови на Хилари Клинтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира