Владата го разреши Арменд Шаќири од директор на Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга.
Во владиното соопштение стои дека Шаќири е разрешен по негово барање.
Неофицијално, Шаќири е разрешен по полициската акција во Струга и околината кога беа приведени неколку лица за дрога и рекет.
Тогаш, на информативен разговор беше викнат Шаќири и еден полициски инспектор поради можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности.