Доналд Трамп ѝ рекол на Тереза Меј дека треба да ја тужи ЕУ, а не да преговара, изјави таа за „Би-Би-Си“. Американскиот претседател во петокот на заедничката прес-конференција изјави дека ѝ дал сугестија, но дека Меј рекла оти била премногу брутална.
Новинарот Ендрју Мар на „Би-Би-Си“ ја праша што кажал Трамп, а Меј одговори: „Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ – да не влезам во преговори“.
Таа го бранеше својот план за брекзит и ги повика критичарите да го поддржат.
Белата книга, објавена во четвртокот, ги образложи деталите за договорот постигнат од владиниот кабинет за тоа како ќе функционира трговијата по брекзит.
Зборувајќи за советите на Трамп за тоа како да се справи со ЕУ, Меј рече: „Интересно е што претседателот, исто така, таа прес-конференција рече „не напуштај“. „Не ги напуштајте тие преговори, бидејќи тогаш ќе бидете заглавени. Затоа сакам да успееме да седнеме за да преговараме за најдобриот договор за Британија”.