МИЦКОСКИ ПОБАРА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ И ОД КАВАДАРЦИ

    МИЦКОСКИ ПОБАРА АМНЕСТИЈА ЗА 27 АПРИЛ И ОД КАВАДАРЦИПретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара амнестија за 27 април и на протестниот марш на неговата партија во Струмица на 8 јули. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара амнестија за осудените и обвинетите за нападот во Собранието на 27 април лани и на денешниот протестен марш во Кавадарци. Истото Мицкоски го побара и на протестниот марш на неговата партија во Струмица на 8 јули.

    „Она што за обичниот човек значи страв и несигурност, за него (Заев н.з.) значи простор за договори и политички поени, токму со оние криминални структури од населението со кои оваа власт е во тесна и нераскинлива врска и папочно се поврзани. Владата на СДСМ и криминалците ослободени од затворите. Затоа е потребна амнестија за нашите патриоти од 27 април“, кажа Мицкоски.

    Во говорот во Кавадарци, Мицкоски обвини дека земјоделството е најниско ниво и дека во здравството не е реализирана ниту една реформа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира