Премиерот Зоран Заев за утре во 18 часот закажа лидерска средба на партиите застапени во Парламентот. Форматот ќе биде еден (лидерот на партијата) плус уште еден претставник на овие партии.
Поканети се сите партии што имаат повеќе од еден пратеник, што значи бројката на присутните на оваа лидерска средба ќе биде поголема од досегашните.
Средбата на партиските лидери ќе биде во Клубот на пратеници.
С. К. ДЕЛЕВСКА