ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСАШЕ ЗА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО

    ВМРО-ДПМНЕ ГЛАСАШЕ ЗА ДЕКЛАРАЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТОКоординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев вели дека влез во ЕУ и НАТО е еден од основните постулати на неговата партија. - Данев во Собранието со сопартијци (Фото: СДК.МК)

    Со 76 гласа „за“, вклучувајќи ѝ пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието на денешното продолжение на 53. седница ја усвои Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Република Македонија во НАТО. При гласањето, немаше „против“, ниту „воздржан“.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев кажа дека членството во НАТО не значи дека во Македонија веднаш ќе тече мед и млеко.

    „Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворат славините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко“, кажа Данев.

    Во тек е пауза во Собранието, а седницата ќе продолжи по завршувањето на работата во неколку собраниски комисии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира