ПРАТЕНИЦИТЕ СИ ГИ НАМАЛИЈА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ТРЕТИНА

    ПРАТЕНИЦИТЕ СИ ГИ НАМАЛИЈА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА ТРЕТИНАСо измените, пратениците кои живеат подалеку од 100 километри, ќе можат да земат и стан под кирија на трошок на државата, со право на надомест за четири патувања месечно за да може да комуницираат со гласачите. (Фото:СДК.МК)

    Со 79 гласа „за“ и еден „воздржан“,  пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратеници со кои од 30 отсто, пратениците ќе земаат 20 отсто од цената на литар гориво за секој изминат километар.

    Со измените, пратениците кои живеат подалеку од 100 километри, ќе можат да земат и стан под кирија на трошок на државата, со право на надомест за четири патувања месечно за да може да комуницираат со гласачите.

    Законот помина без дебата. За него гласаа и пратениците од опозицијата.

    Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска рече дека повторно се злоупотребува европското знаменце, но рече дека пратениците на опозицијата ќе ги поддржи измените.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира