ОТКРИЕНО ЕЗЕРО СО ТЕЧНА ВОДА НА МАРС, СЕ ВЕРУВА ДЕКА Е ДЛАБОКО ЕДЕН МЕТАР

    ОТКРИЕНО ЕЗЕРО СО ТЕЧНА ВОДА НА МАРС, СЕ ВЕРУВА ДЕКА Е ДЛАБОКО ЕДЕН МЕТАРЕзерото се протега на површина од 20 километри, но се верува дека е пресолено за да има живот во него

    Истражувачи пронашле доказ за постоење течна вода на Марс, верувајќи дека станува збор за езеро што се наоѓа под јужната поларна ледена капа на планетата. Тоа се протега на површина од 20 километри.

    Научниците веќе со децении трагаат по течна вода на Марс, но досега само беше утврдено дека ја имало на површината во минатото. Ова се првите откриени знаци на тело со вода во сегашно време, што значително ја зголемува можноста и за постоење на живот надвор од Земјата.

    Водата е откриена со помош на радарскиот инструмент Марсис на леталото на Европската вселенска агенција, Марс експрес.

    „Ова, веројатно, не е многу големо езеро. Марсис не можеше да утврди за колку дебел слој на вода станува збор, но се проценува дека е околу еден метар, што дефинитивно го квалификува ова како тело со вода. Тоа е езеро, а не некоја вода што се собира меѓу карпа и мраз, како што се случува во некои глечери на Земјата“, изјави професорот Роберто Орозеи од Италијанскиот национален институт по астрофизика.

    Бидејќи температурите во подрачјето во коешто е откриено езерото се многу ниски, некаде меѓу -10 и -30 Целзиусови степени, водата е веројатно полна со отопени соли.

    „Тоа би значело дека не е баш погодна за живот“, вели астробиологот Клер Казнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира