СТРУГА НЕ Е ВЕЌЕ ГРАД НА КУЛТУРАТА, ТУКУ ГРАД НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИ И КАЗИНА

    СТРУГА НЕ Е ВЕЌЕ ГРАД НА КУЛТУРАТА, ТУКУ ГРАД НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИ И КАЗИНАПромоцијата на новата програма на Лице в лице-СЕНС се одржа во рамките на фестивалот на процесирање култура „ДримОН“ во Струга. (Фото: Фејсбук)

    Нема логика веќе Струга да се нарекува град на културата, бидејќи тука владеат кладилниците и казината, беше кажано на промоцијата на новата програма на невладината организација „Лице в лице“ – СЕНС, во рамките на фестивалот на процесирање култура „ДримОН“ во Струга.

    „Нема смисла тоа што Струга ја нарекуваме град на поезијата, а овде владее културата на кладилниците и казината. Струга е позната и како град на спортот, а нема базен – тоа нема смисла. Имаме огромна сала за култура во која најголемиот дел од штекерите се дисфункционални. Немаме свест за екологија, самоиницијативност“, велат од невладината „Лице в лице СЕНС“, на завчерашната промоција на новата програма на Лице в лице СЕНС.

    „За жал, во моментов најголемиот дел од бизнисите создаваат поделби на економско, социјално и на еколошко ниво, односно прават профит правејќи проблеми. Како социјално претпријатие создаваме бизнис што ќе решава проблеми, кој низ процесите на набавка и производство вградува одржливи практики и се грижи за планетата и за луѓето, а профотитот го насочува кон решавање на проблемите идентифицирани од заедницата“ рече Климентина Илијевски, извршна директорка и главна и одговорна уредничка на „Лице в лице“.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира