Метју Палмер, в.д. заменик-помошник на Државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе престојува во Македонија од утре до 3 август за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти амбасадата на САД во Скопје.
Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево, каде што годинава ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.
Покрај средбата со Иванов, Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии, како и со претставници на локалните власти надвор од Скопје.