ПУТИН ГО НАЗНАЧИ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ЗА НОВ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА

    ПУТИН ГО НАЗНАЧИ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ЗА НОВ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА50-годишниот Баздникин пред десетина години беше шеф на дипломатската мисија на Русија во Приштина. - Баздникин на конференција во 2015 година; Указот на Путин за нов амбасадор во Македонија

    Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за нов амбасадор во Македонија, објави руската агенција „Риа Новости“. Истовремено, тој го разреши досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој беше на позицијата од 2010 година.

    50-годишниот Баздникин доаѓа на амбасадорската функција во Скопје како заменик директор за одделот за планирање на надворешната политика во руското министерство за надворешни работи. Претходно бил шеф на дипломатската мисија на Русија во Приштина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира