ОПШТИНА ЦЕНТАР СТАВА РАМПИ НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА НА СКВЕР ЈАДРАН – ЌЕ ПАРКИРААТ САМО СТАНАРИТЕ И ДИПЛОМАТИТЕ ОД НЕГОВА БЛИЗИНА

    ОПШТИНА ЦЕНТАР СТАВА РАМПИ НА ПЕШАЧКАТА ЗОНА НА СКВЕР ЈАДРАН – ЌЕ ПАРКИРААТ САМО СТАНАРИТЕ И ДИПЛОМАТИТЕ ОД НЕГОВА БЛИЗИНАЦелта е се ослободи пешачката зона од возила и да им се овозможи на пешаците и велосипедистите непречено и безбедно движење, велат од „Паркинзи“ Општина Центар (Фото: ЈП „Паркинзи“ Општина Центар)

    Само резидентите и конзуларните преставништва кои се во опфат на скопскиот Сквер Јадран во Општина Центар од понеделник ќе имаат право на влез и излез на пешачката зона.

    Јавното претпријатие „Паркинзи“ на Општина Центар в понеделник ќе го пушти во употреба новиот систем за контрола на влезно-излезните рампи на Сквер Јадран, како што велат оттаму, да се ослободи пешачката зона од возила и да им се овозможи на пешаците и велосипедистите непречено и безбедно движење.

    „Ваквиот систем на контрола се воведува заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и движењето и паркирањето на возила без пристап на пешачката зона на Сквер Јадран“, велат од „Паркинзи“ Општина Центар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира