ДИРЕКТОРОТ НА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ВЕЛКОВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА, ВО НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НЕМА ВНАТРЕПАРТИСКА ПРЕСМЕТКА, ВЕЛИ ЗАЕВ

    ДИРЕКТОРОТ НА ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ ВЕЛКОВСКИ НАПРАВИ ГРЕШКА, ВО НЕГОВОТО РАЗРЕШУВАЊЕ НЕМА ВНАТРЕПАРТИСКА ПРЕСМЕТКА, ВЕЛИ ЗАЕВПремиерот Зоран Заев очекува директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски да остане во МВР и после разрешувањето (Фото: СДК.МК)

    Владата на утрешната седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски. Предлогот беше поднесен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако внатрешната истрага утврдила дека Велковски службеното возило го користел во приватни цели за превезување на членови на фамилијата надвор од Македонија.

    „Директорот на Бирото на јавна безбедност (БЈБ) Лазе Велковски е голем професионалец, но тој направил грешка, исправен пред заканите што од минатото биле насочени кон него и кон неговото семејство. Нема тука меѓупартиска пресметка“, рече денеска премиерот Зоран Заев.

    „Не сме размислувале за негов наследник, доколку предлогот биде прифатен. Ќе треба време за одлуката“, рече премиерот Заев.

    Тој очекува Велковски да остане во МВР и после разрешувањето.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира