ОБВИНЕТИТЕ ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“ ВЕЛАТ ДЕКА ТРАГЕДИЈАТА Е НАПРАВЕНА ЗА ПАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Скопје(МЕТА)

    ОБВИНЕТИТЕ ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“ ВЕЛАТ ДЕКА ТРАГЕДИЈАТА Е НАПРАВЕНА ЗА ПАРИ

    Трагедијата што се случи во Куманово на 9 мај минатата година има архитект и сето тоа е направено за пари, изјави на денешното рочиште за „Диво Насеље“, обвинетиот Деме Шеху, јави агенцијата Мета. Тој додаде дека тие во населбата биле шест дена и за тоа време, како што рече, ниту Абанци, ниту Македонци не се пожалиле дека предизвикале чувство на несигурност.

    Обвинетиот Амди Красничи, исто така рече дека обвинението е смешно.

    „Ниту јас, ниту Сами Укшини (првообвинет.н.з.) не сме организатори на групата, како што сака да нè направи обвинението. Од помагачите, гарантирам со живот дека не познавам никого, а во куќите во Диво Насеље влеговме насила“, рече Красничи.

    Со денешното рочиште, судскиот процес за настаните од 9 и од 10 мај почна од почеток, бидејќи Обвинителството на почетокот на мај годинава со овој предмет го спои и случајот „Молња“, со кој осум лица се обвинети за давање логистичка поддршка на кумановската група.

    На денешното рочиште сите обвинети повторно се изјаснија како невини за делата што им се ставаат на товар.

    Обвинителот, Наум Пановски, рече дека останува на воведните зборови дадени претходно и дополни дека доказите од прислушуваните разговори добиени со посебни истражни мерки и другите истражни дејства на обвинителството ќе докажат дека обвинетите се познавале меѓу себе и континуирано контактирале.

    На ова реагираа дел до адвокатите на обвинетите, кои во своите воведни зборови посочија дека обвинителниот акт е паушален и не ги докажува делата за кои се товарат обвинетите.

    – Само во Македонија, а не знам на кој правна основа, е дозволено органот кој тужи и врши одредени дејства, да изврши вештачње на доказите што сам ги набавил. Прислушуваните разговори не можат да ме убедат дека е водена предистражна постапка во согласност со законот. Тие докази треба да бидат верифицирани од независен орган, кој е надлежен за вештачење и кој може да каже дека овие прислушувани разговори се водени помеѓу обвинетите, како и тоа кој разговор е оргинален, а кој пренесен – рече адвокатот Шазифер Исени.

    Рочиштето сè уште трае и по воведните говори на адвокатите, пред судот искази треба да дадат повикани сведоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира