КАЈ ЖЕНСКА ПЛАЖА НИШТО НЕ СЕ ГРАДИ, ЧИСТИМЕ ЗМИЈАРНИК, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА, МЕРКО

    КАЈ ЖЕНСКА ПЛАЖА НИШТО НЕ СЕ ГРАДИ, ЧИСТИМЕ ЗМИЈАРНИК, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУГА, МЕРКООд Општина Струга велат дека само сакаат овој простор да биде уреден и чист (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко вели дека западно од Женска плажа ништо не се тампонира, ниту гради, едноставно се чисти вегетацијата.

    „На предлог на двајца советници од Градскиот совет, ние пристапивме кон чистење на просторот за кој прашувате. Таму имаше густа вегетација, беше вистински змијарник, низ кој рекреативците не можеа да поминат. На тој дел се наоѓа и седиштето на НВО ‘Порака‘. Сакаме просторот да биде уреден и чист. Верувајте ми дека нема никакви други намери и планови. Јас ве повикувам да дојдете на самото место и да видите дали воопшто нешто се тампонира“, ни изјави градоначалникот Мерко.

    Од друга страна, на социјалните мрежи за овој зафат на Општината има саркастични коментари. Едни велат дека „ова што го гледате не се слчучува“, другите дека тука „го бараат ќупот со злато од татко им”. Други во коментарите пишуваат дека „при очи не прает чори”, а има и такви кои пишуваат „прво чаршијата, сега друго ќе лапнат”.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира