Генерал мајор Васко Ѓурчиновски денеска, на Денот на АРМ 18 Август, е назначен за нов началник на Генералштабот на Армијата на Република со Указ на претседателот Ѓорге Иванов. Тој доаѓа на местото на генерал потполковник Методија Величковски, кому му истече тригодишниот мандат.
Новиот началник на Генералштабот на АРМ досега беше воен претставник на АРМ во седиштето на НАТО во Брисел, а беше и командант на Здружената оперативна команда, највисокото тело во АРМ. Претходно беше и командант на армиските специјалци и аѓутант на претседателот Иванов. По воена обука е специјалец.