БУГАРСКИОТ ФИЛМ „АГА“ НА ЛАЗАРОВ ПОБЕДИ НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛ

    БУГАРСКИОТ ФИЛМ „АГА“ НА ЛАЗАРОВ ПОБЕДИ НА САРАЕВСКИОТ ФЕСТИВАЛБугарскиот режисер Милко Лазаров на синоќешната свеченост за затворањето на Сараевскиот филмски фестивал (Фото: СФФ )

    Филмот „Ага“ на бугарскиот режисер Милко Лазаров  ја доби наградата Срце на Сараево за најдобар филм на 23. Сараевски филмски фестивал, кој заврши синоќа. На свечeното затворање, Јоана Урикару од Романија („Лимонада“) беше прогласена за најдобра режисерка. Лазаров доби награда од 16 илјади евра, а Урикару 10 илјади евра.

    Унгарката Жофија Замоси за улогата во филмот „Еден ден“ ја доби наградата за најдобра актерка, а Хрватот Леон Лучев е најдобар актер за улогата во „Товар“.

    Претседател на жирито беше двојниот ирански оскаровец Асгар Фархади, а членови беа Јудита Франковиќ-Брдар (БиХ), Мајк Гудриџ (Велика Британија), Брижит Лакомб (Франција) и Ана Урушадѕе од Грузија.

    Еден од најреномираните европски режисери, Турчинот Нури Билге Џејлан на отворањето на Фестивалот, 10 август, ја доби почесната награда Срце на Сараево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира