ШТОМ АПЛА СЕ КРШИ ЗАКОНОТ, ЗНАЧИ ИМА НЕШТО, МУ ВЕЛИ ВО БОМБИТЕ МИЈАЛКОВ НА БОЖИНОВСКИ ЗА БАРАЊЕ НА СЕСТРАТА НА КАМЧЕВ

    ШТОМ АПЛА СЕ КРШИ ЗАКОНОТ, ЗНАЧИ ИМА НЕШТО, МУ ВЕЛИ ВО БОМБИТЕ МИЈАЛКОВ НА БОЖИНОВСКИ ЗА БАРАЊЕ НА СЕСТРАТА НА КАМЧЕВПоранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, еден од обвинетите во „Титаник“, во судница. (архивска фотографија)

    Сестрата на бизнисменот Орце Камчев, Тина, која им носела маици за изборна кампања на ВМРО-ДМПНЕ барала од поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски и поранешниот функционер во Царинската управа Влатко Мијалков стоката да помине на царина во сабота.

    Во еден од прислушуваните разговори на денешното судење за „Титаник“, Божиновски му вели на Мијалков дека камионот со маици треба да помине на царина во петок вечер или сабота наутро.

    „Ми се јави Тина, сестра му на Орце. Ни носат 90.000 маици за кампањата, бара во петок или сабота да се царини“, му вели Божиновски на Мијалков.

    Тој пак му објаснува дека нема шанси во сабота да се царини, да ѝ каже дека до петок вечер може, но во сабота не.

    „Кажи ѝ да ја убрза работата. Не ми се свиѓаат некои работи кога апла се крши законот. Штом апла се крши законот, значи има нешто. Не знам, ова не е услуга, туку контрауслуга. Кажи ѝ дека не може“, му објаснува Мијалков.

    По ова, Божиновски вели дека и ним им е доцна да стигнат маиците во сабота оти треба да се носат на печатење и да се делат на митинзи.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира