ГРЧКИОТ ТИЛОС ПРВ ОСТРОВ НА МЕДИТЕРАНОТ КОЈ ЌЕ ДОБИВА СТРУЈА ИСКЛУЧИВО ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ

    ГРЧКИОТ ТИЛОС ПРВ ОСТРОВ НА МЕДИТЕРАНОТ КОЈ ЌЕ ДОБИВА СТРУЈА ИСКЛУЧИВО ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ„Енергијата произведена од ветерните турбини и соларната енергија ќе се чува во батерии, така што оваа енергија ќе се користи во мрежата“, вели одговорниот менаџер на проектот од 13, 7 милиони евра (Фото: АП)

    Кога сечилата од турбината ќе почнат да се вртат со сила од 800 киловати, малиот грчки остров Тилос ќе стане прв на Медитеранот каде ќе се користат исклучиво ветер и соларна енергија. Грчкиот остров кој се наоѓа меѓу Родос и Кос, зимно време има 400 жители, а лете околу 3.000.

    Во текот на летово, инженерите ги вршат финалните проверки и тестови на обновливиот систем, кој ќе биде целосно пуштен во употреба за неколку месеци.  Тоа ќе му овозможи на Тилос да работи исклучиво на високотехнолошки батерии, кои ќе се полнат од турбините за ветер и соларната енергија.

    Европската комисија вели дека Тилос ќе биде првиот автономно обновлив зелен остров на Медитеранот. Европската унија го финансираше проектот, обезбедувајќи 11 милиони евра од вкупниот буџет од 13,7 милиони евра.

    „Иновацијата на овој проект во батериите, каде ќе се складира енергијата“, рече одговорниот инженер на  проектот Спирос Алиферис. „Енергијата произведена од ветерните турбини и соларната енергија ќе се чува во батерии, така што оваа енергија ќе се користи во мрежата“, вели тој.

    Акумулаторите заштедуваат енергија за време на сончеви и ветровити услови, а во периоди на голема побарувачка и пониско производство, како на пример навечер или во туристичката сезона, ќе се користат за да ја засилат мрежата.

    Именуван како технолошка иновација ТИЛОС, проектот користи прототип на батерија кој го подобрува складирањето на вишокот енергија додека не е потребна. Во моментов, Тилос ја добива својата енергија од подводен кабел, кој е поставен од Кос до островот Нисирос и до Тилос. Тоа создава непредвидлив пренос, кој често ги уништува апаратите, па домаќинствата и дуќаните се принудени да се пренасочуваат на генератори на дизел.

    Тилос е познат како зелен остров, популарен кај туристите, кај планинарите и љубителите на птици, а поголем дел од него денес е заштитен природен резерват. Туризмот е главниот извор на приходи за островот. Но, бизнисите се соочуваат со долги прекини на струја, хотелите остануваат без климатизација, рестораните без осветлување, и храната мора да се фрла од ладилниците.

    „Голем оптимист сум за овој проект, бидејќи досега имавме негативни искуства со туристите поради разните прекини на енергија. Сега луѓето се задоволни од нашите услуги, имаат климатизери и немаат проблем со храната“, вели сопственикот на еден хотел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира