ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 50 ГОДИНИ ПРАШКА ПРОЛЕТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ БАБИШ

    ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 50 ГОДИНИ ПРАШКА ПРОЛЕТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПРЕМИЕРОТ БАБИШПремиерот Бабиш стана непопуларна фигура во Чешка кога влезе во коалиција со наследниците на Комунистичката партија (Фото: АП)

    Свеченоста на која им се оддаваше почит на жртвите на советската инвазија на Чехословачка во 1968 година се претвори во протест против чешкиот премиер Андреј Бабиш.

    Стотици луѓе го исвиркаа Бабиш при неговото доаѓање на церемонијата, што се одржа пред зградата на чешкото државно радио во Прага, кадешто пред половина век, во првите часови од окупацијата се водеа жестоки улични борби на невооружените цивили со советската армија. Притоа загинаа 17 луѓе.

    „Срамота, срамота“, извикуваа граѓаните додека Бабиш држеше говор, што го попречуваа и со сирени и свирчиња.

    Милијардерот Бабиш направи контроверзен потег, кога се здружи со наследниците на Комунистичката партија, а се соочува и со обвиненија за измама.

    Војските на Варшавскиот пакт влегоа во Чехословачка на 20 август 1968 година, со цел да спречат воведување либерални реформи во државата, кои произлегоа од движењето Прашка пролет. Како резултат на окупацијата, само во 1968 година биле убиени 168 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира