МЕНДУХ ТАЧИ НЕ ГО САКА СУДСКИОТ ПРЕВЕДУВАЧ НА АЛБАНСКИ ДО СЕБЕ, ГО СЕДНА НА 6 МЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТ

    МЕНДУХ ТАЧИ НЕ ГО САКА СУДСКИОТ ПРЕВЕДУВАЧ НА АЛБАНСКИ ДО СЕБЕ, ГО СЕДНА НА 6 МЕТРИ ОДДАЛЕЧЕНОСТЛидерот на ДПА Менду Тачи, обвинет во предметот на СЈО „Титаник 2“ утринава влегува во Основниот суд Скопје 1. (Фото: К. Попов)

    Обвинетиот за изборни злоупотреби во 2013 година, лидерот на ДПА Мендух Тачи, на денешното судење за предметот на СЈО „Титаник 2“ не дозволи до него да седне судскиот преведувач на албански јазик. Бараше права за употреба на мајчиниот јазик во судница по новиот Закон за употреба на јазиците, кој уште не е објавен во Службен весник и не е стапен во сила.

    Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното судење за „Титаник 2“, рече дека преведувачот на албански јазик треба да седне според актуелниот Закон за употреба на јазиците до обвинетиот Тачи. Но, овој одби.

    Времето се изгуби во расправија за употреба на јазиците. Фетаи прогнозираше дека Тачи во иднина ќе ја обжали одлуката и процесот на водење на постапката, па побара да му се преведе досега сè на обвинетиот Тачи, за да може да поставува вкрстени прашања на сведоците, на мајчин јазик.

    Денеска не дојде сведок од Струмица, бидејќи не ја примила поканата.

    Во „Титаник 2“ обвинети се и Сашо Мијалков, кој според СЈО и бомбите што беа пуштени, му се јавува на Тачи и од него бара на членот на ДИК Бедредин Ибраими да му нареди да гласа за неосновано прегласување на локални избори во Струмица, потоа Ибраими кој остапува по наредбата на Тачи и уште три члена на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Следното рочиште е на 1 октомври.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира