МАТИС СЛЕТА ВО СКОПЈЕ

    МАТИС СЛЕТА ВО СКОПЈЕСекретарот за одбрана Џејмс Матис беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот Џес Бејли. (Фото: СДК.МК)

    Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис утринава слета на Скопскиот меѓународен аеродром и беше пречекан од министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот Џес Бејли.

    Како што кажа портпаролот на Пентагон Ерик Пеон, Матис за време на посетата на Скопје ќе ги повика македонските граѓани да гласаат на референдумот и, исто така, ќе ги истакне петте милиони долари што ги обезбедува САД годишно за безбедносна поддршка.

    „Русија се обидува да ги убеди Македонците дека Западот ќе ги напушти, дека Русија е стабилното влијание во регионот. Тоа едноставно не е вистина. Промената на името и влегувањето на земјата во алијансата ќе го намали влијанието на Москва. Зачленувањето на Македонија во НАТО е еден од најлошите кошмари на Русија“, кажа вчера Пеон.

    Според најавената агенда, Матис денеска ќе се сретне со Шекеринска и со премиерот Зоран Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира