СЕГА НЕ Е МОМЕНТ ЗА ПОЛИТИЧКА ИГРА СО РЕФЕРЕНДУМОТ, ИМ КАЖАЛ ХАН НА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИ

    СЕГА НЕ Е МОМЕНТ ЗА ПОЛИТИЧКА ИГРА СО РЕФЕРЕНДУМОТ, ИМ КАЖАЛ ХАН НА ПАРТИСКИТЕ ЛИДЕРИДоговорот од Преспа за решавање на спорот за името, е редок пример на решавање проблеми, и претставува поттик за поттик за решавање на други долгогодишни таканаречени замрзнати спорови. - Комесарот за проширување на ЕУ и премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција (Фото:К.Попов)

    Ве викам Поранешна Југословенска Република Македонија и не ми се допаѓа кратенката ПЈРМ. Верувам дека на наредното мое барање ќе ви се обратам со Република Северна Македонија, изјави комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.

    „Скопје стана најпопуларна дестинација за политичарите од цел свет, што кажува колку е важна спогодбата за решавање на спорот за името со Грција. Спогодбата е редок пример на решавање проблеми. Ова претставува поттик за и за решавање на други таканаречени замрзнати спорови. Импликациите од спогодбата одат многу подалеку“, рече комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

    Комесарот Хан апелираше до граѓаните да се информираат и да го искористат своето право на глас на 30 септември.

    „Се работи за одлука која треба независно да ја донесат граѓаните, тоа е нивна одлука. Граѓаните ќе имаат можност да ја определат својата иднина, а одлуката ќе има влијание врз нивните деца, внуци и идните генерации“, рече Хан.

    Комесарот за проширување на ЕУ Хан на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, му рекол референдумот да не се користи во политички игри.

    „Не смее референдумот да се употребува во партиски цели. Секој треба да одлучи сам. Тоа беше мојата порака кон сите лидери, тоа му го кажав и на премиерот. Важно е да се мотивираат сите да учествуваат и да го остварат своето демократско право. Би сакал колку што е можно повеќе граѓани да учествуваат на овој референдум зашто тоа е сигнал кон меѓународна заедница дека луѓето го искористуваат своето право. Сега не е моментот да се игра некоја политичка игра“, одговори Хан на новинарското прашање што порака им пренел на лидерите на политичките партии и на премиерот Зоран Заев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира