ФОРМИРАН СУДСКО-МЕДИУМСКИ СОВЕТ ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА СУДСТВОТО

    ФОРМИРАН СУДСКО-МЕДИУМСКИ СОВЕТ ЗА ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА СУДСТВОТОАндреј Божиновски од Здружение на судии, Илир Сулејмани од Основен суд Скопје 2 и новинарката Гордана Дувњак на формирањето на Судско-медиумскиот совет. (Фото: СДК.МК)

    За подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите, односно граѓаните денеска за првпат се формираше Судско-медиумски совет (СМС). За претседател на Советот избрана е Гордана Дувњак од ТВ1, а за потпретседател Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.

    Во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста, советот се формираше по претходни искуства на вакви советодавни тела во Соединетите Американски Држави. Амбасадата на САД донесе судии и обвинители, но и обучувачи на полицијата, обвинителствата и судовите од Америка, кои низ позитивни искуства им покажаа на судиите и на новинарите дека е возможна соработка меѓу двете страни во интерес на граѓаните, кои треба да видат што се случува во судството и кому треба да му веруваат во делењето на правдата.

    Советот има 21 член, од кои 11-мина се новинари од различни медиуми и 10-мина судии и претседатели на судови. Мандатот на сите им трае 2 години, работењето е без надомест, доброволно. Овој Совет го формира Здружението на судии на Македонија за да ја зголеми транспaрентноста на судството.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира