ИВАНОВ ПОМИЛУВА 26 ОСУДЕНИ ЛИЦА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИВАНОВ ПОМИЛУВА 26 ОСУДЕНИ ЛИЦА

    Претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни.

    Одлуката на Иванов е објавена во „Службен весник“ од 6 јуни, истиот ден кога соопшти дека ги повлекува аболициите за сите 56 лица што ги беше помилувал на 12 април.

    Според најновата одлука на Иванов две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, на шестмина затворските казни име се заменуваат со условни казни од три односно две години, а 20 осуденици делумно се ослободуваат од казната.

    Од кабинетот на претседателот за агенцијата Мета изјавиле дека дека помилувањата на осудени лица се редовна практика, која не е карактеристична само за празници.

    „Помилувања нема само за празници, односно тогаш ги објавуваме помилувањата поради поводот. Кога има молби од осудени лица или по предлог на казнено-поправните установи, претседателот дава помилувања. Речиси еднаш месечно се даваат помилувања“, одговориле за Мета од кабинетот на Иванов.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира