„Еуролинк осигурување“ реализираше еднодневна екскурзија до Лесновскиот манастир, како дел од програмата „Мапа на културата“, за која се пријавија околу 150 учесници.
Посетата на Лесново почна од манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил“, кој се состои од манастир од 11. век , посветен на свети Гаврил Лесновски и црква посветена на свети Архангел Михаил. Во дворот на комплексот расте црница во форма на крст, стара околу 600 години и според преданијата на монасите, има само три такви дрвја на Балканот.
Групата ја продолжи прошетката кон селото Лесново, каде што тишината, спокојот и недопрената природа се надополнуваат со напуштените стари селски куќи. На крајот од посетата, учесниците се вратија побогати за едно искуство, откривајќи уште една скриена убавина.
„Мапа на културата“ е активност за запознавање на вистинските културни вредности и е дел од платформата за Kорпоративно-општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.