Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан им честиташе на граѓаните кои гласаа на денешниот референдум за името и ги повика лидерите да ја почитуваат нивната волја. Обраќајќи се преку Твитер, Хан рече дека Преспанскиот договор добил широка поддршка од граѓаните со многу значаен глас „за“.
„Им честитам на оние граѓани кои гласаа на денешниот консултативен референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со многу значаен глас „за“, има широка поддршка за Преспанскиот договор и за евроатлантскиот пат на земјата. Сега очекувам сите политички лидери да ја почитуваат оваа одлука и да продолжи понатаму со целосна одговорност и единство по партиски линии, во интерес на земјата“, твитна Хан.