Од денеска на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ ќе се плаќа до 21 наместо до 23 часот.
Од јавното претпријатие на Град Скопје велат дека зимската наплата се однесува на паркинзите од зоните А, Б и Ц во Центар, додека во зоната Д во Карпош и Аеродром останува да се наплатува од 7 до 23 часот.
„Во зоната Д или на паркинзите во Аеродром и во Карпош кај болницата ‘8 Септември’ и кај кафулето АБЦ наплатата останува до 23 часот бидејќи станува збор за локации со поголeм број станари“, велат од ЈП „Градски паркинг“.
Во сабота пак паркирањето во Центар ќе биде од 7 до 14 часот наместо до 21 часот.