СЛИКИ ОД СЛАВКО ЈАНЕВСКИ И СКУЛПТУРИ ОД ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ

    СЛИКИ ОД СЛАВКО ЈАНЕВСКИ И СКУЛПТУРИ ОД ТОМЕ СЕРАФИМОВСКИ НА ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕКуратор на изложбата е Емил Алексиев, а претставени се повеќе од 50 дела на двајцата бардови на македонската култура (Фото: Фејсбук)

    Слики од писателот и поет Славко Јаневски заедно со скулптури во бронза од академик Томе Серафимовски се поставени на изложба во Музејот на Град Скопје, која ќе се отвори вечерва во 20 часот.

    Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а претставени се повеќе од 50 дела на овие двајца бардови на македонската култура, велат од Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

    „За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан“, најавува Фондацијата.

    За делата и уметниците ќе говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов, стихови од Јаневски ќе говори актерот Висар Вишка, а на гитара ќе настапи Тони Китановски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира