НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА ДВАЈЦА АКТИВИСТИ ПРОТИВ СИЛУВАЊЕ ВО ВОЈНА

    НОБЕЛОВА НАГРАДА ЗА МИР ЗА ДВАЈЦА АКТИВИСТИ ПРОТИВ СИЛУВАЊЕ ВО ВОЈНАДенис Муквеге и Надиа Мурад се наградени за нивните напори да стават крај на сексуалното насилство како оружје во војната

    Нобеловата награда за мир за 2018 година ја добија двајца активисти против силување во војна, Надиа Мурад и Денис Муквеге.

    Според комитетот за Нобеловата награда, Мурад и Муквеге биле од големо значење во борбата против криминалот, а наградата ја добиваат „за нивните напори да стават крај на сексуалното насилство како оружје во војната“.

    Мурад е жена од Јазиди која била мачена и силувана од припадници на Исламската држава, а Муквеге е гинеколог од Конго кој ги лечел жртвите.

    Околу 331 индивидуалци и организации годинава беа номинирани за престижната награда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира